ТИПУВАМЕ

ИГОР ОДИГРА ШАМПИОНСКИ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ СО НАЈДОБРИТЕ ОД СТАРИОТ КОНТИНЕНТ

Нашиот билтен има посебен шмек кога во него се наредени премиерните дуели од новата сезона во Лигата на шампионите. Тоа го знае и Игор Трпески, па реши да му посака добредојде на највозбудливото фудбалско првенство на Стариот континент, неговиот вторнички предлог-тикет е составен исклучиво со натпревари од ЛШ.

Вака изгледа неговата замисла:

ЈУВЕНТУС – ДОРТМУНД: Гол-гол

Измина нешто повеќе од една деценија од последната европска пресметка на Јуве и Дортмунд, тогашната генерација на Старата дама го доби осминафиналниот двомеч со вкупни 5-1. Овојпат, лигашкиот дел е полето во кое ќе „војуваат“, а Игор очекува возбудлив старт и барем по еден гол во двете мрежи.

ТОТЕНХЕМ – ВИЉАРЕАЛ: Домаќинот да постигне 2+ гола

Сефте континентална меѓусебна пресметка помеѓу англискиот и шпанскиот претставник во ЛШ, а сите очекуваат Тотенхем да биде убедлив и најмалку двапати да ја затресе мрежата на Жолтата подморница.

РЕАЛ МАДРИД – МАРСЕЈ: Победа домаќин

Сите очи се вперени во Кралевите кога играат во ЛШ, најтрофејниот клуб во ЛШ ја стартува европската сезона пред своите навивачи, со очекувања дека добрата форма од Ла Лига ќе ја пренесат и во дуелот против Марсеј. Чист „кец“ на Реал е типот кој веројатно денес најмногу ќе се товари.

БАЕРН МИНХЕН – ЧЕЛСИ: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Дербито во среда навечер ќе се игра во Минхен, каде што Баерн и Челси ќе се сретнат по пет години пауза. Баварските навивачи уште го паметат финалето од 2012 во кое токму на овој стадион останаа без трофејот со големите уши, па очекуваат Баерн во секоја прилика да ги демолираат Сините. Сепак, наместо победник, Игор бара да има барем по еден гол во двете полувремиња.

АЈАКС – ИНТЕР: Победа гостин

Смената на тренерот се чувствува во редовите на европскиот вицешампион, Интер врза два порази во Серија А по силниот старт на сезоната. Иако поразот од Јуве уште боли, гостувањето во Амстердам е добра прилика за Нероаѕурите да ги излечат раните. Ова ќе биде прва нивна пресметка од 2006 година, во која сепак Ајакс како домаќин има мали шанси да избори позитивен резултат.

МАН. СИТИ – НАПОЛИ: Победа домаќин

Судбината сакаше Де Брујне да се врати на „Етихад“ уште во првиот европски меч во кој ќе настапи како играч на Наполи. Италијанскиот првак делува моќно на стартот од новата сезона, а Игор со овој тип не го потценува тимот на Конте, туку едноставно познат му е квалитетот на Граѓаните кои во полн сјај го покажа во неделата во градското дерби против Јунајтед. Халанд е расположен, а тоа воопшто не се добри вести за противничките голмани.

Овие шест парови на Игор му носат солидна добивка при стандардна уплата од 200 денари, на вас останува колку ќе вложите доколку се одлучите да го препишете предлог-тикетот со кодот за брза уплата.

КОД: 93179