Фудбал

УБАВЕЦОТ НА КВАРА ЗА СПАС НА ДЕНОТ ВО НЕАПОЛ (ВИДЕО)

Наполи повторно беа на работ на нов кикс и тоа против десеткуваната Верона оваа сезона, но со брзи два гола го спасија денот во Неапол.

Копола од Верона постигна гол за водство на гостите во 72 минута и кога се чинеше дека е се готово, Нгонг кој влезе од клупата прво постигна гол за 1:1, а во 87 минута Кварацкелија со прекрасен гол ја донесе победата на „Марадона“ стадионот.

Погледнете го ова ремек дело на Грузиецот.