ТУХЕЛ ФЛЕРТУВА СО БАРСЕЛОНА?
Објавено на: 29.01.2024
Чави Ернандес дефинитивно ја напушта клупата на Барселона по крајот на сезоната, дури и да се случи пресврт и Каталонците да освојат трофеј. Управата уште сега треба да работи на случајот да најде замена за клупската легенда, но има неколку кандидати кои сами се нудат.
Еден од нив е Томас Тухел, актулениот предводник на Баерн Минхен. Тухел изјави дека би сакал во блиска иднина повторно да работи во странство, а Шпанија му делува доста привлечно поради особините на фудбалерите од оваа земја.
„Немам ништо против повторно да заминам од Германија и да работа во друга земја. Шпанија има фантастична лига. Од моја перспектива и искуство во работа со шпански фудбалери, тие поседуваат огромна количина на самодоверба. Кога разговараш со играчи од Шпанија, веднаш можеш да почувствуваш дека имате слични размислувања за фудбалот“, истакна Тухел.
Покрај Мајнц, Борусија Дортмунд и сега Баерн Минхен, Тухел надвор од Германија ги водеше уште ПСЖ и Челси. Шансите да си замине од Баерн може да се зголемат доколку актуелниот германски првак не ја одбрани титулата во Бундеслигата, или доколку не успее да ја освои Лигата на шампионите.