Фудбал

ТРИТЕ ФУДБАЛЕРИ КОИ АМОРИМ ГИ ПОБАРА, НО НИКОГАШ НЕ ГИ ДОБИ

Без малку 12 месеци изминаа откако Рубен Аморим седна на клупата на Манчестер Јунајтед, а клубот му нема донесено ниту еден од трите фудбалери кои ги побарал пред да се пресели на Олд Трафорд.

Ангажманот на Португалецот на „театарот од соништата“ стапи на сила на први ноември, завршувајќи на срамното 15 местo во првата своја сезона. Оваа сезона, работите се чини дека мрднаа од мртва точка и по лошиот старт, Јунајтед се консолидираше и се врати во битка за топ четири во Премиер лигата.

На годишнината од неговиот престој, англиските медиуми со откритие дека управата на Јунајтед му нема донесено ниту еден од трите играчи кои ги побарал како услов да седне на клупата на Олд Трафорд. Според TeamTalk, на листата на Аморим се наоѓале Гонзало Инасио од Спортинг, Маркус Едвардс од Барнли и Педро Гонкалвеш од Волвс.

Сепак, се чини дека управата не размислува исто како Португалецот, па му донесе други играчи, пред се Куња, Мбеумо и Шешко во нападот.