Фудбал

МАРЕСКА РАСПАЛИ ПО СВОЈОТ: ТОЈ ИГРАШЕ НАТПРЕВАР ЗА СЕБЕ

Челси имаа огромна причина за задоволство по водството од 0:3 на полувреме, но и огромна причина за разочараност откако речиси спасуваа жива глава против Волвс, кои се вратија во игра во второто полувреме со два гола, го направија натпреварот неизвесен, се додека Гитенс не стрелаше за 2:4, а потоа повторно фудбалерите во жолти дресови постигнаа гол за конечни 3:4.

Она на што беше фуриозен Енцо Мареска беше новото исклучување, овој пат на Лиам Делап кој заработи два жолти картони откако влезе во второто полувреме. Ова беше вкупно петто исклучување за сините во претходните девет натпревари, а по финалниот судиски свиреж, Енцо Мареска не штедеше зборови за Делап.

Навистина беше засрамувачки да се добие ваков црвен картон. Да се добие два жолти за толку краток натпревар е навистина нешто што можеше да се избегне. По првиот жолт картон му кажав четири или пет пати да се смири, но залудно бидејќи Лиам си играше натпревар само за него и не слушаше ништо што му се зборува.

Ова беше четврти натпревар за напаѓачот на Челси сезонава, откако десет натпревари веќе ги прескокна поради повреда. Се очекува да го прескокне следниот натпревар во Премиер лигата бидејќи црвените картони се важат и таму, па за очекување е да го видиме повторно против Карабах.

Дали ќе игра, останува да видиме бидејќи Мареска не звучи толку задоволен од неговите настапи.