SВЕЗДАТА НА ЛИВЕРПУЛ ЗА 100 МИЛИОНИ ЕВРА КУПУВА ФРАНЦУСКИ ПРВОЛИГАШ
Објавено на: 20.09.2024
Еден од најдобрите десни бекови на денешницата и член на Ливепул, Трент Александер-Арнолд, покрена конкретни потези да ги откупи акциите на францускиот прволигаш Нант.
Според француските медиуми, Трент преку својот татко Мајкл Арнолд, кој дејствува како негов финансиски менаџер, веќе обавил неколку состаноци со сопственикот на Нант, Валдемар Кита, околу целосно преземање на клубот, а понудата е 100 милиони евра.
Ова не би била прва спортска инвестиција на 25-годишниот англиски репрезентативец, со оглед на тоа дека веќе поседува акции во Формула 1 тимот Алпина.