ПОРАНЕШЕН ТАЛЕНТ НА АРСЕНАЛ ФАТЕН СО 60 КИЛОГРАМИ КАНАБИС
Објавено на: 20.09.2024
Џеј Емануел-Томас, поранешен офанзивец и талент на Арсенал, завчера бил уапсен на аеродром во Лондон поради обид за транспорт на 60 килограми канабис во вредност од 600.000 фунти.
Емануел-Томас бил приведен и одведен во полициска станица во Карлајл на испрашување, откако цариниците заплениле два куфери полни со канабис со тежина од 60 килограми кои пристигнале од Бангкок на 2 септември.
Случајот за криумчарење со недозволените супстанци е отворен по предупредувањата на Националната агенција за борба против дрога, дека сите патници кои доаѓаат од Тајланд, Канада и Сад ќе се соочат со затворска казна ако бидат фатени во обид да пренесат канабис во Велика Британија, а максималната казна е 14 години.
Емануел-Томас моментално е член шкотскиот второлигаш Гринок Мортон, а во кариерата покрај Арсенал настапуваше и за Ипсвич, Бристол сити, КПР, Абердин и ПТТ Рејонг.