ЕВРО 24

РОНАЛДО ВО СОЛЗИ ПО ПРОМАШЕНИОТ ПЕНАЛ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо не можеше да се воздржи за време на кратката пауза, пушти солзи од нервоза поради што не успеа да го совлада Облак од белата точка и да донесе важна предност за Португалија.

Словенечкиот голман не му дозволи на Португалецот да го запише својот прв погодок на Европското првенство бранејќи го пеналот во 105-тата минута од осминафиналната пресметка.

Доколку Португалија не обезбеди пласман во 1/4 финалето и мегадуел против Франција, на Роналдо ќе падне целата вина поради нереализираниот пенал.