Фудбал

ТОРЦИДА ГО ЧУВА ХАЈДУК, А КОМИТИ ВАРДАР?

Резултатите на теренот, конкурентноста за титулата и играчите кои се најавени како засилувања, се причина за еуфорија во Сплит, каде живее миленикот на овој град, фудбалскиот клуб Хајдук. Негов прв заштитник, е навивачката група Торцида.

Секогаш кога на Хајдук му било тешко, трибините биле преполни колку да му се даде на знаење на клубот, дека неговите никогаш нема да го напуштат. Кога победуваш, лесно се полнат трибините, нели? Хрватскиот клуб соошти дека на повидок е нов рекорд.

Со последните членски книшки, Хајдук сега има 40.785 активни членови. Не се сите ултраси, но сите го сакаат клубот, подеднакво. Минатата сезона, имаше 33.000 членови, а рекордот (44.000) од 2016-та година ќе биде срушен уште овој месец, во кој Хајдук го слави роденденот.

Хајдук е основан на 13-ти февруари 1911-та година. Пољуд му е дом од 1979-та година. Навивачката група е најстара во Европа, се вика Торцида Сплит, постои од 1950-та, а го преземала името од легендарните навивачи на Бразил на СП 1950-та, Торцида.

Хајдук, е повеќе од приказна, а што се случува со Вардар? Нашата гордост игра во 2 лига, ги нема деновите кога Вардар беше синоним за македонскиот спорт и страв и трепет за сите регионални клубови, без разлика кој во каков состав доаѓаше во Скопје…