Фудбал

ЛЕБРОН ЏЕЈМС – КРАЛОТ НАД СИТЕ КРАЛЕВИ

Ниту еден кошаркар во историјата на НБА лигата нема постигнато повеќе поени, комбинирано во регуларниот дел од сезоната и постсезоната, од кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс – Леброн Џејмс.

Ѕвездата на (Кливленд, Мајами и) Лејкерс, зад своето име прокнижи вкупно 26 поени (за тотал 44.157) во поразот од Вориорс (117:115), а му требаа 19 за да го помине Карим Абдул-Џабар кој остана на втората позиција со 44.149 поени вкупно во кариерата.

Карим Абдул-Џабар се уште е лидер во категоријата поени во текот на регуларниот дел на сезоните, но Леброн Џејмс има повеќе поени во плеј-оф фазите. Не е далеку и овој рекорд на легендата, ако Кралот продолжи во истиот поентерски ритам.