И-ЕС-ПИ-ЕН ГИ ОДБРА НАЈДОБРИТЕ 10 ФУДБАЛЕРИ ЗА 21 ВЕК: РАЗБИРЛИВО, АРГЕНТИНЕЦОТ Е НА ВРВОТ
Објавено на: 24.07.2024
Реномираниот американски медиум „И-Ес-Пи-Ен“ објави листа на најдобрите 10 фудбалери во 21 век.
Генерално гледано нема изненадувања, дури и очекувано Лионел Меси е на врвот како моментално најодликуван фудбалер со 45 трофеи на клупско и репрезентативно ниво, но и рекордни 8 Златни топки и уште многу индивидуални награди, погодоци, асистенции…
Интересен момент во редоследот може да се издвои тоа што Модриќ е на петтото место пред Иниеста и Чави.
Топ 10:
- Лионел Меси
- Кристијано Роналдо
- Тиери Анри
- Зинедин Зидан
- Лука Модриќ
- Килијан Мбапе
- Андрес Иниеста
- Чави Ернандес
- Роналдо Назарио
- Роналдињо Гаучо