Фудбал

РОМА ГО ПРЕТСТАВИ ПРОЕКТОТ ЗА НОВ СТАДИОН (ВИДЕО)

Сопствениците на Рома денес се сретнаа со градоначалникот на Рим, Роберто Галтиери, на официјален состанок каде го презентираа проектот за нов стадион кој планираат да го изградат до 2027 година, кога ќе се слави 100-годишнина од основање на култниот италијански клуб.

Целта на Римската Волчица е да добие сопствен дом кој нема да го дели со лутиот градски ривал Лацио.