Фудбал

ТОНИ (ДОКТОР ЗА АСИСТЕНЦИИ) КРОС (ВИДЕО)

Реал Мадрид го зададе првиот удар во полуфиналето против Баерн Минхен од Лигата на шампионите, благодание на двоецот Тони Крос и Винисиус јуниор.

Кралевите имаат предност од еден гол во првото полувреме во Минхен, па како што голот на Бразилецот ги шокираше Баварците, така Крос ја остави фудбалската јавност во чудење со неговата феноменална асистенција.

Германскиот играч за врска со едно додавање во простор се ослободи од целата одбрана на домаќините и му намести мат-ситуација на Винисиус, кој ладнокрвно стрелаше за 1-0 во 24-тата минута.