Фудбал

МАРКУС „НЕ САКАЈЌИ ДАВАМ ГОЛОВИ“ ТУРАМ

Турам немаше постигнато гол во Серија А од 19 јануари и денес ја прекина таа црна серија, но голот кој го постигна може да се каже дека е еден од најнесакајќи постигнатите.

Наместо да ја скине мрежата, тој ја промаши, но го лобуваше голманот, а еден од играчите на Парма место да ја исфрли си ја заби сам во гол.

Погледнете и пробајте да им верувате на очите, нешто на што ни самиот Маркус, а ни татко му Лилиан кој на времето играше за Парма не веруваше дека е возможно.