ТЕН ХАГ БИЛ ИЗНЕНАДЕН ОД ФИЗИЧКАТА НЕСПРЕМНОСТ НА РОНАЛДО
Објавено на: 20.10.2026
Екс менаџерот на Манчестер јунајтед, Холанѓанецот Ерик Тен Хаг, во врска со конфликтот што го имаше со Кристијано Роналдо за време на нивниот заеднички престој во англискиот тим, откри дека изворот на проблемите била физичката неспремност на Португалецот.
Односите меѓу тренерот и играчот се влошија на есента 2022 година. Во октомври таа година, Роналдо одби да влезе како замена во натпреварот против Тотенхем и го напушти стадионот пред последниот свиреж. Во ноември, Португалецот даде интервју во кое искажа непочитување кон Тен Хаг, а кратко потоа, клубот го раскина договорот со Роналдо. Нешто подоцна и Тен Хаг беше избркан.
Тој ме разочара. Секако, тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Многу го почитував. Но, како менаџер морав да носам рационални одлуки и да ги задржам играчите во кои верував. Погрешно е да се каже дека проблемот беше во тоа што барав од него да притисне и дека тоа го исцрпило. Не трчаше ни кога тимот ја имаше топката ни кога се бранеше. Причината беше што не се подготви правилно. Секој врвен тим мора да ги земе предвид интересите на својот водечки играч, но и водечкиот играч мора да работи за тимот, раскажа Тен Хаг.