ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР НА ЗИДАН ЗА РЕАЛ?
Објавено на: 22.05.2021
На долго и на широко се пишува за заминувањето на Зинедин Зидан до клупата на Реал Мадрид без оглед на исходот попладнево, а на шпекулациите масло додаде и самиот Французин на вчерашната прес конференција.
Според Зидан, Реал Мадрид би биле подобар клуб без него и даде краток осврт на тешката сезона за Кралевите кои можеби ќе ја завршат без ниту еден трофеј.
Доаѓаме до крајот на сезоната и се ќе се решава во последното коло. Играме против Виљареал, екипа која што сите добро знаеме дека игра одличен фудбал.
Запрашан за неговата иднина, Зидан одговори:
По утрешниот натпревар, ќе седнеме и ќе разговараме. Не мислам да трошам време на наредната сезона кога утре имаме многу важен натпревар, а ние ќе дадеме се од себе да победиме.
На прашањето дали Реал Мадрид би бил подобар тим без него, тој одговори .
Секако
Зинедин Зидан до сега има освоени 11 трофеи со кралвите во два наврати и единствениот тренер во историјата кој има три едно по друго титули во Лигата на шампионите.