Фудбал

СМЕШНИОТ ЧАВИ: СУДИИТЕ НИКОГАШ НЕ И ПОМОГНАЛЕ НА БАРСЕЛОНА

Неспорни се квалитетите на екипата на Барселона. Неспорни се квалитетите на организацијата на Барселона. Неспорно е влијанието на култот Барселона. Во светски рамки. Спорно е како низ годините доаѓаше до славата, ова здружение на граѓани.

На последната прес-конференција пред новото Ел Класико, а ќе ги има уште три до крајот на сезоната – прво во Купот на Кралот, потоа во Ла Лига и на крајот реваншот во 1/2 финалео во Купот, новиот тренер на Барселона едноставно кажа и остана жив:

Никогаш судиите не и помогнале на Барселона, не сакам да победувам на неспортски начин. – рече Чави.

Зошто тогаш лудуваше и се радуваше по реванш-голот кај Челси во последните моменти, кога судијата Овербо не досуди најмалку 3 пенали за домаќинот? Зошто не негодуваше по црвениот картон на голманот на Арсенал, Јенс Леман кога Ето беше соборон бо во истата акција Барса постигна гол во финалето 2006-та и требаше да биде почитувана предност?

Зошто Чави не реагираше на црвените картони на Реал Мадрид во шпанските пресметки кога каталонската гордост на скеој меч однапред имаше човек предност во сите дуели, што многу значи во двобоој на изедначени противници? ПОбедата е слатка, нели?

Изгледајте го видеото на линкот и потсетете се на сите спорни моменти, или барем на моментите кои беа очигледни како ден, а потоа на тоа дададете ги 7-те милиони евра потрошени на сметките на фирми поврзани со шпански судии и најверојатно европски зсудии, за последните 20-тина години…