Фудбал

МАЈСТОРИЈА ВРЕДНА ЗА „ПУШКАШ“, СУЧИЌ ГО „ОБЕСИ“ ОБЛАК (ВИДЕО)

Лука Сучиќ на мајсторски начин го совлада еден од најдобрите голмани во светот во изминативе десетина години, а неговиот гол донесе бод за Сосиедад во дуелот против Атлетико Мадрид.

Хрватскиот играч за врска од прва ја потегна од голема далечина, топката фати незгоден правец и бегаше од Облак, кој се истегна максимално, но сепак топката прелета преку него и ја затресе мрежата на Јорганџиите.

Дефинитивно овој прекрасен погодок ќе се најде во потесниот избор за наградата „Пушкаш“ за 2024 година.