Фудбал

СТОЛЕ СО ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ДЕНОТ ВО ЛА ЛИГА (ВИДЕО)

Столе Димитриевски денес успеа да ја сочува мрежата на гостувањето кај Валенсија со својот Рајо Ваљекано.

Македонскиот репрезентативец беше во расположено издание меѓу диреците, а потврда дека е во добра форма покажа со неговата одлична интервенција по еден удар од далечина на Серхи Кањос.

Столе искусно го скроти ударот недозволувајќи неговата мрежа да се затресе, а воедно се покажа во позитивно издание против неговиот многу веројатно иден клуб, Валенсија.