Фудбал

ВО МАДРИД СЕ СЛАВИ ТИТУЛА: ИЛЈАДНИЦИ ФАНОВИ ГИ ПРЕЧЕКАА ШАМПИОНИТЕ, АНЧЕЛОТИ ВО ЕЛЕМЕНТ (ВИДЕО)

Реал Мадрид утринава ја прими 36-тата лигашка титула по доминацијата во Ла Лига сезонава. Претстанвиците на Ла Лига ја донесоа титулата на тренинг центарот на Кралевите, каде се одвиваше првата фотосесија, за потоа фештата да продолжи низ улиците во Мадрид.

Илјадници фанови ги пречекаа фудбалерите на Реал, а на неверојатната забава Карло Анчелоти беше во главната улога. На дон Карло му се оствари сонот да танцува со Едуардо Камавинга.

Забавата продолжи со парада и тура со шампионскиот автобус низ главниот шпански град.