Тенис

ШТО МИСЛЕА СИМПАТИЗЕРИТЕ НА ЃОКОВИЌ КОГА И ВРАТИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА?

Српскиот ас ја доби сагата со австралиските власти, односно судот го ослободи и му ги врати личните документи, Австралија ќе треба да му плати најмалку 500.000 долари трошоци и отштета, но тој сепак не е сигурен дали ќе може да настапи на Аустралиан опен.

Конечниот збор за случајот, до полноќ по наше време ќе го даде Министреството за имиграција, односно првиот човек на ова министерство кој има дискреционо право да одлучува за одземање на виза по кој било основ и неговиот збор е „над законот“ во Австралија.

Симпатизерите на Новак Ѓоковиќ протестираа на улица, а во една ситуација сакајќи да го испратат црното ауди во кое се верува дека бил српскиот тенисер, тие се приближија премногу блиску до автомобилот, по што полицијата која го чуваше Ѓоковиќ врати со солазвец.

На тоа, масата луѓе возврати со фрлање шишиња кон полицијата, а во еден момент дури и ја опколи малата група полицајци. На полицијата не и треба овластување да реагира на сила, што за среќа не се случи. Потоа беше користено млеко да се измие солзавецот од лицата…