Тенис

ЃОКОВИЌ НЕ Е ДЕПОРТИРАН ОД АВСТРАЛИЈА

Австралиските новинари ги демантираа таткото и братот на Новак Ѓоковиќ кои пред 2 часа изјавија дека неговиот син во моментов е депортиран од Австралија.

Пол Сакал, новинар на австралискиот The Age пред малку ја демантираше таквата вест, обелоденувајќи дека надлежното министерство се уште нема донесено одлука.

Според него, неточни се шпекулациите дека Новак Ѓоковиќ повторно е притворен и се подготвува негова депортација за Белград, а ваквите негови тврдења се потврдени од високи позиции во австралиската влада.