ШТО ИЗЈАВИЈА МОЈС И ГАНА ГЕЈ ПО ИНЦИДЕНТОТ?
Објавено на: 25.11.2025
Дејвид Мојс успеа со 10 играчи да го совлада Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, а искрата која ја инспирираше победата беше инцидентот помеѓу Идриса Гана Геј и Мајкл Кин.
Двјацата имаа вербален дуел по грешка на Геј која му овозможи на Бруно Фернандеш да шутира кон голот, а Сенегалецот отиде чекор понатаму и му возврати на соиграчот со шлаканица.
По натпреварот, Дејвид Мојс беше видно расположен од победата, а инцидентот воопшто не му сметал се додека неговите фудбалери испорачувале резултати.
Сакам кога моите фудбалери се тепаат, тоа значи дека некој неодиграл како што треба. Доколку сакаш тврд тим кој се бори за да стигне до резултат, некој мора да направи нешто за да се стигне до победата.
Тој се осврна на тоа дека можеби и судијата пребрзо ја донел одлуката.
Доколку не добиеше црвен картон, никој на стадионот и пошироко немаше да зборува за тоа. Сепак мислам дека судијата можеше подолго да размисли. Секако, разочаран сум поради исклучувањето, но Гана Геј се извини и продолжуваме понатаму.
Сенегалецот се извини преку социјалните медиуми пред се на Кин, а потоа и на соиграчите, стручниот штаб и фановите.
