ШТО Е СО САУДИЈЦИТЕ И АНГЛИЧАНИТЕ, ДРУГИТЕ ФУДБАЛЕРИ НЕ ЧИНАТ?
Објавено на: 17.07.2023
Саудиските газди запнале да купуваат играчи од Премиерлигата и со вистинска инвазија на Островот, се залетале да прават квалитетна лига на грбот на моментално најдобрата во поглед на концентрација на квалитетот.

Но, дали фудбалерите од другите лиги, кои ќе ги има по некој во новата сезона во Саудиска Арабија, можат да пружат квалитетен фудбал, исто како и оние кои играат во Премиерлигата? Најдобрите од останатите 4 големи лиги се поевтини, па можеби и подобри од поголемиот дел од оние странци кои веќе се во Саудиска Арабија.

Бруно Фернандез ги одбил саудиските газди и е решен да остане во Манчестер Јунајтед како постојан капитен, како лидер на новата екипа на Ерик Тен Хаг кој е во обид да ги врати црвените ѓаволи на тронот. Сепак, не се сите зинати за пари, или се случува нешто во позадина?

Да не се договорени англичаните и саудијците да направат каша од светскиот фудбал?