ИНТЕРАШИТЕ ГО ЗАМРАЗИЈА ЛУКАКУ
Објавено на: 19.07.2023
Соопштението на најверните навивачи на нероаѕурите доволно зборува за емоциите со кои италијанските фанови се поврзуваат со сите случувања во фудбалот, особено кога станува збор за нивните омилени клубови.
Тие, кратко и јасно, му порачаа на Ромелу Лукаку:
Никогаш да не се видиме повторно, Лукаку. Не предаде сите нас. Секогаш те браневме во тешкит евремиња, а ти ни забоде нож в грбот.
Се продаваш на оној кој ќе плати највеќе, а претходно го бакнуваш грбот на клубот на нашата екипа. Ти не си вистински маж!
На што алудираат навивачите на Интер? Најверојатно пропаднаа преговорите за негово останување на Џузепе Меаца…
