Тенис

ШТО БАРА НОЛЕ ВО ИЗРАЕЛ НА 2 ДЕНА ПРЕД МАСТЕРСОТ ВО РИМ?

Место да биде во Рим бидејќи од утре започнува мастерсот кој ланската сезона го освои, Новак Ѓоковиќ во текот на вчерашниот ден е виден во Израел.

Посетата се уште официјално не е обзнанета, бидејќи тамошните медиуми го забележаа Србинот на аеродромот. Се шпекулира дека e во посета на Михаел Миришвили, претседател на компанијата Ватерџемб. Станува збор за израелско-грузиски државјанин и бизнисмен, кој во своето бизнис портфолио има и медицински болници.

Според српските медиуми, најверојатно станува збор за потпишување на договор за спонзорство или во најлош случај, медицински прегледи на повредата на лактот, која Новак ја влече веќе долго време. Тој цел ден го поминал во Петах Тиква, град во Израел.

За потсетување, ланското издание на римскиот мастерс 1000, беше освоен токму од Новак, кој ќе настапи и на оваа година. Претходно, Рафаел Надал го откажа учеството поради недоволна подготвеност.

Мастерсот во Рим е последната проверка за тенисерите пред Ролан Гарос, вториот Гренд слем оваа сезона.