Фудбал

БУРЖ КАЛИФА ВО БОИТЕ НА МИЛАН (ВИДЕО)

Миланското дерби со нетрпение се очекува насекаде низ светот, па дури и во Дубаи, каде што највисоката кула во светот беше пред малку обоена во боите на Милан, црвено-црна.

Ова е дел од кампањата на фудбалскиот клуб Милан, како загревање за „евродербито“ со градскиот ривал, кое прво продолжение ќе го има во текот на утрешниот ден со наслов „светло кое никогаш не згаснува“. Освен Бурж Калифа, во боите на Милан обоени беа и Дуомото во Милано и иконскиот стадион Сан Сиро.

Погледнете:

Ќе видиме на ова како ќе одговори Интер веќе следната недела.