Фудбал

СТАРО, НО ДОБРО – АНАЛИЗИТЕ НА ЖОЗЕ ЗА ИГРАЧИТЕ НА БАРСА

Генијалноста на португалскиот фудбалски стратег не е непозната во светот на фудбалот и во спортската јавност. Дејли Мирор објави документи кои само го потврдуваат тоа, што сите познавачи на фудбалот, го знаат.

Жозе Мурињо со Челси направи (сина) револуција, која во многу нешта го смени фудбалот. Во 2006-та година, скаутирал вака:

Роналдињо – опасен меѓу линиите, многу слаб во дефанзива и во транзиција кон својот гол, слаб работник, постојано мами и паѓа многу лесно.

Пујол – многу агресивен играч, но и многу емотивен. Влегува во провокации како луд. Идеална цел за притисок. Лошо поставување на теренот, го следи напаѓачот до средината на полето. Лош предводник на одбраната, сака да игра со офсајд замки и кога тоа не е возможно.

Меси – квалитетен, брз играч, но насочен главно кон левата страна затоа што игра со левата нога. Се однесува исто како и Роналдињо. Игра меѓу линиите и со дијагонали. Со поседот на топката го охрабрува својот тим да оди напред и во напад. Фаул на него што е можно порано, неверојатен е во ситуации 1 на 1.

Иниеста – Секогаш влегува од клупа, многу динамичен играч, има голем радиус на движење, има неверојатно брзи движења, има голема брзина во егзекуцијата. Играч полн со трикови.

Ето – експлозивен и агресивен играч, со или без топката. Брка, верува и го оддржува интензитетот на играта на високо ниво во текот на целиот меч. Шутира од секаде без најава и подготовка. Многу силен во дефанзивни задачи.

Резултатите меѓу Челси на Мурињо и Барса на Меси:

Челси – Барселона 2004/05: вкупни 5:4

Челси – Барселона 2005/06: вкупни 2:3 (со црвен картон за Челси)

Челси – Барселона 2006/07: вкупни 3:2 (група – 1:0, 2:2)

Мурињо и Челси беа идеален пар, Меси никогаш не бил моторот нас Барса. Се согласувате?