Фудбал

АРСЕНАЛ ПОБЕДИ И ПОСТАВИ НОВА ИСТОРИСКА РАМКА

Лондонската екипа е традиционален расадник на таленти, или поточно ги препознава младите таленти, ги купува навреме и потоа ги продава за повеќе пари. Тоа, Венгер го всади во филозофијата на Топџиите.

Традицијата во лондонската екипа продолжува, Микел Артета во игра го внесе најмладиот фудбалер што некогаш истрчал на зелените терени. Тоа е Англичанецот Итан Нванери, кој има 15 години и 181 ден.

Арсенал славеше на гости кај Брентфорд со 0:3, новата надеж на лондонскиот тим влезе во игра во судиското надополнување. Дали само за рекорд, или плановите со него се сериозни?