Фудбал

СОЛЗИТЕ НА РАНИЕРИ НА АПЛАУЗОТ ОД ЦЕЛ ОЛИМПИКО (ВИДЕО)

На полуфиналниот дуел помеѓу Рома и Лестер на Олимпико, во свечената ложа на стадионот се најде Клаудио Раниери, тренерот кој освои незапаметлива до сега титула во Премиер лигата, а беше и предводник на Рома во минатото.

Кога неговото лице се појави на големите ЛЕД екрани на Олимпико, сите присутни станаа и со громогласен аплауз го почастија италијанскиот стратег.

На таквиот гест, рамнодушен не остана Раниери и стана и ги отпоздрави фановите со солзи во очите.

За потсетување, освен во Лестер каде што ја освои Премиер лигата, Раниери беше блиску и до титула со Рома, но како негов противник го имаше Интер и сегашниот тренер на Рома – Жозе Мурињо, кои не дозволија „волчицата“ да им ја уништи триплете сезоната.

Фудбалот е повеќе од спорт, се докажа уште еднаш.