Фудбал

СОЛЗИТЕ НА МУРИЊО НА ЗАМИНУВАЊЕ ОД РОМА (ВИДЕО)

Кратко откако се појавија шпекулациите во текот на вчерашниот ден дека Мурињо би можел да добие отказ од Рома, денес римскиот тим со соопштение му се заблагодари на Португалецот и неговиот тим за се што направи за тимот.

Сепак, таквата одлука не наиде на поздравување од фановите на волчицата, кои на социјалните мрежи жалат за заминувањето на „Специјалниот“ од кормилото на нивниот тим. Денес, очигледно Мурињо бил во тренинг кампот на Рома каде што се поздравил со играчите и персоналот, а на заминување, беше пречекан од брдо фанови кои сакаа за последен пат да го поздрават довчерашниот идол.

Еден од фановите објави видео, на кое се гледа дека ниту на Мурињо не му е сеедно, кој со солзи во очите ги поздравува фановите на Рома кои го пречекаа на излез од тренинг кампот.

Љубовта и почитувањето помеѓу фановите на Рома и Жозе Мурињо беше огромна, а тие речиси на секој натпревар го скандираа неговото име и изнесуваа транспаренти со поддршка.