Фудбал

НОЖИЧКИТЕ ВРЕДНИ ЗА НАГРАДАТА „ПУШКАШ“ (ВИДЕО)

Гиљерме Мадруга вчера ја доби „Пушкаш“ наградата за најдобар погодок во 2023 година. Засега ова е најголемо остварување во кариерата на 23-годишниот Бразилец кој игра за второлигашот Ботафого СП, а голот кој го доведе до престижното одличје на ФИФА се случи на 27 јуни минатата година.

Мадруга со ножички од повеќе од 20 метри донесе победа за неговиот тим на гостувањето кај Новоризонтино. Да погледнеме уште еднаш како изгледаше тоа: