Фудбал

СОБЛЕКУВАЛНАТА ГО ИЗДАДЕ КУМАН ВО БАРСЕЛОНА

Играчите под палката на Куман не биле задоволни, а по неговата смена на клупата на каталонската гордост, на површина излегуваат нешта кои мора да останат заклучени и далеку од јавноста.

Дека одамна, а можеби и никогаш Барселона не била „Mes que“ како што се пропагира во јавноста, се потврди со новите изливи на емоции и зборови од гардеробата на клубот од Камп Ноу:

Ни требаше промена, соблекувалната веќе не им веруваше на методите на Куман. Затоа секој се обидуваше да ги исправи работите на свој начин. Кога нешто не функционира, потребна е промена, а ние не бевме добри ниту индивидуално, ниту колективно. – се зборовите на Оскар Мингеза.

Дали играчите треба вака да зборуваат по заминувањето на еден тренер? Дали истото го чека и следниот? Кој е виновен кога играчите не играат – тие, или стартегијата?

Дали сето ова не мириса на однапред подготвено сценарио за смена на некогашниот играч кој (со голот во финалето на ЛШ 1992-та против Сампдорија, вреден прва титула во историјата) има статус на икона во Барса, која во тој случај покажува дека брзо ги заборава своите?