Фудбал

СНИМКАТА КОЈА ПОКАЖУВА КОЛКУ БАЕРН ВСУШНОСТ Е ОШТЕТЕН (ВИДЕО)

Драматичниот триумф од 2-1 во финишот од реваншот значеше дека Реал Мадрид ќе игра уште едно финале во Лигата на шампионите, додека Баерн Минхен првпат по една деценија ќе ја заврши сезоната без трофеј.

Во драматичниот реванш на „Сантијаго Бернабеу“, Хоселу со два херојски погодоци во последните минути од регуларните 90 го елиминираше германскиот гигант, но повеќе внимание привлекоа конторверзите во кои главните улоги ги имаа судиите.

За спорната ситуација во која се досуди офсајд, телевизијата „БеИн“ извади снимка со пресметка дали навистина било недозволена позиција, па помошниот судија толку експресно го крена знаменцето.

Се испостави дека Мазрауи не е во офсајд, додека Де Лихт е неколку сантимети понапред од Ридигер, разлика која дефинитивно не може да се види со голо око во дел од секундата. Сепак, и покрај сите анализи и извинувања на арбитрите до Баерн Минхен, резултатот не може да се промени по крајот на мечот, па и покај сите поплаки Реал ќе игра уште едно финале.