ЈУНАЈТЕД ПРИЗНА ПОРАЗ – ОНАНА Е ТОТАЛНА УТКА, НЕГОВАТА ЗАМЕНА ВРЕДИ 60 МИЛИОНИ ЕВРА
Објавено на: 09.05.2024
Манчестер јунајтед летово ќе треба да направи промени на повеќе полиња, како во играчкиот така и во тренерскиот кадар, а веројатно ќе има и ново име меѓу диреците.
Црвените ѓаволи се решени да ангажираат поквалитетен чувар на мрежата од Андре Онана, кој има сезона за заборав со 79 примени гола на 47 настапи во сите натпреварувања. Голманот кој е на радарот на Јунајтед е Алекс Ремиро, членот на Реал Сосиедад.
Шпанскиот чувар на мрежата сезона во 20 наврати успеа да ја го сочува својот гол, одличните партии му овозможија да дебитира за Шпанија претходно во март годинава, по што Ремиро стана доста привлечен за многу европски гиганти.
Според шпанските медиуми, Јунајтед наскоро ќе направи конкретни чекори за ангажман на Ремиро, но останува да се види како ќе се заврши целата работа на крајот. Клаузулата на Ремиро е 60 милиони евра, сума која гигантот од Манчестер многу веројатно ќе ја плати.