СРПСКИ ФАНОВИ ПРЕД СЛОВЕНЦИТЕ: ЛУКА ДОНЧИЌ Е ЕДЕН ОД НАС (ВИДЕО)
Објавено на: 20.06.2024
Србија и Словенија попладнево ќе се сретнат во рамките од второто коло на ЕП, а атмосферата во Минхен и тоа како е загреана.
Во пресрет на мечот, и двете навивачки страни во добро расположение го чекаат дуелот, заедно уживаат и пејат песни, пијат и што уште не, кога во еден момент српските фанови испратија симпатична провокација до Словенците, скандирајќи „Лука Дончиќ е еден од нас“, алудирајќи дека кошаркарската суперѕвезда на Далас има српски корени.
За ситуацијата да биде уште покомична, словенечките навивачи кои беа во непосредна близина се чудеа на скандирањето.
“Luka Dončić jedan je od nas” pic.twitter.com/ErTIyHQOQc
— Милутин (@mylutin) June 20, 2024