Фудбал

ЛОЈАЛНОСТА ПРЕД ПАРИТЕ: ЛАКАЗЕТ НЕ САКА ВО САУДИСКА АРАБИЈА НИТУ ЗА 30 МИЛИОНИ ЕВРА

Александер Лаказет, капитенот на Лион, е пример за лојалност откако одби богатство од Саудиска Арабија, со цел да остане во својот матичен клуб.

Искусниот голгетер воопшто не се двоумеше да одбие 30 милиони евра, сума која би ја заработил во две сезони како играч на Ал Кадсија, но парите не му се важни. Лион ќе добиеше 10 милиони евра за трансферот, меѓутоа Французинот попрво сака да ја заврши кариерата во клубот каде што ја почна.

Лаказет во ланската сезона постигна 22 гола и им помогна на Лавовите да изборат пласман во квалификациите за Лигата на Европа, откако на почетокот на сезоанта се наоѓаа во зоната за испаѓање.

Сепак, парите не се најважни во животот, туку образот и почитта, а овој потег на Лаказет секако е за поздравување.