Фудбал

ПОЗНАТО Е КОЛКУ ЌЕ ПАУЗИРА ЛЕАО ПОРАДИ ПОВРЕДАТА

30 минута беше кобна за Рафаел Леао и фановите на Милан на вчерашниот натпревар против Торино, кои миланезите го добија со голем пресврт, бидејќи Португалецот пред време се упати вo соблекувалните.

Според денешните магнетни снимки, Леао се нема здобиено со повреда на препоните, туку почувствувал само чудно чувство па побарал да биде заменет. Италијанските медиуми најавуваат дека Леао ќе биде одморен против Сасуоло овој викенд, како би можел да отпатува со тимот во Ријад на Суперкупот викендот подоцна.

Од Милан исто така излегоа со соопштението, каде што ги потврдија наодите, а дополнително изјава и одговор на прашањето колку натпревари ќе отсуствува еден од најдобрите играчи на клубот даде и еден од тимските доктори во Миланело, Пепе Ди Стефано

Многу зависи од тоа како се чувствува Рафа и дали ќе има болка во следните неколку денови.

На 18 ноември, Милан игра во полуфиналето против Наполи, па повеќе од очигледно е дека целта ќе биде португалскиот ас да биде опоравен за тој дуел и евентуалното финале.