Фудбал

СИНОТ НА АДРИАНО РЕШЕТА КАКО ТАТКО МУ (ВИДЕО)

Се сеќавате на корпулентниот напаѓач на Интер, на кого судбината не му дозволи да стане еден од најголемите во најпопуларниот спорт на светот? Епа неговиот син полека, но сигурно наликува на него во најсветлите денови.

Италија се тресеше од головите од далечина на стариот Адриано, кој освен силниот удар имаше неверојатна техника и брзина, иако не стануваше за низок играч.

Адриано Карваљо, 15 годишниот напаѓач на третолигашот Серанто во бразилската лига постигна хет-трик, а првиот гол од далечина од повеќе од 20 метри не остана незабележан од неговиот татко кој го сподели на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriano imperador (@adrianoimperador)

Адриано прокоментира само „Гордост“ за момчето кое очекуваме наскоро да го гледаме во се повеќе натпревари од поголем квалитет.