Кошарка

ПАРТИЗАН СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПЛЕЈОФОТ, СЛЕДИ ПРЕСЕЛБА ВО ПОНИЗОК РАНГ?

Кошаркарскиот клуб Партизан од Белград изненадувачки преку соопштение соопшти дека се повлекува од плејофот во српската кошаркарска лига, потенцирајќи дека ваквата одлука е резултат на хулиганството на кое бевме сведоци во плејоф финалето на АБА лигата.

Натпреварите помеѓу Црвена Звезда и Партизан траеја и по неколку часови повеќе од предвиденото, пред се поради дивеењето на двете навивачки групи кога беа домаќини. Па од таму, од КК Партизан, сметаат дека ваквата одлука која ја донеле е директно спротиставување на хулигнството во Србија.

КК Партизан ја заврши сезоната 2021/22 и нема да се натпреварува во плејофот од домашната Супер-лига. Ваквата одлука клубот ја донесе по сите случувања на финалната серија од плејофот од АБА-лигата, каде на сите пет натпревари се случија бројни инциденти кои доведуваа до прекини, загрозување на безбедноста на играчите и стручниот штаб, но и срамотење на српската и регионалната кошарка пред светската јавност

 

Како што пишуваат медиумите од Србија, можно е кошаркарската федерација на Србија поради одбивањето на Партизан да настапи во плејофот да ги преселени во понизок ранг.