СИКСЕРСИ ОСТАНАА БЕЗ СВОЈОТ МВП: ЕМБИД ОДИ НА ОПЕРАЦИЈА
Објавено на: 05.02.2024
Филадефлија го загуби Џоел Ембид на неодреден период поради што ќе мора да оди на операција за оштетениот менискус.
Актуелниот МВП во овој важен дел од регуларната сезона ќе пропушти повеќе натпревари, за што ќе отстапи од трката за наградата најкорисен играч во лигата согласно правилото кандидатот да не пропушти повеќе од 18 меча во регуларната сезона.
Ова е тежок удар за Сиксерс, кои се во лоша серија и имаат само еден триумф во последните пет натпревари. Инаку, Ембид ќе го пропушти и Ол-стар викендот, а тимот Исток ќе мора да најде замена во првата петорка на позицијата центар.
Отуството на Ембид значи дека Никола Јокиќ има отворен пат да биде крунисан со МВП наградата како водечки претендент оваа сезона.