Кошарка

СРАМ ДА МУ Е НА ЈОКИЌ, САМО ГИ ПОНИЖУВА ПРОТИВНИЦИТЕ (ВИДЕО)

Никола Јокиќ ноќеска го водеше Денвер до нова победа, овојпат против Портланд со 112:103, а спрскиот центар запиша потпросечна партија иако постигна 29 поени. Му недостасуваа два скока и три асистенции за трипл-дабл учинок, што е негов просек по натпревар оваа сезона, но и тие недостатоци Џокерот сепак блескаше на паркетот.

Еден од најдобрите потези на мечот му беше финта-шутот во 1 на 1 ситуација со деандре Ејтон. Кошаркарот на Портланд аматерски наседна на старата финта, не знаејќи каде е топката, а Јокиќ постигна лесни поени и доби дополнително слободно фрлање.