ОТКАКО ЗАПОЧНА МУЗИЧКА КАРИЕРА, РАМОС СОНУВА ДА ОСВОИ ГРЕМИ
Објавено на: 05.09.2025
Серхио Рамос и на свои 39 години не планира да застане со фудбалот, но тоа не го спречи да започне кариера во сосема друга сфера. Од неодамна шпанскиот ветеран го објави својот прв музички сингл со наслов „Сибелес“, по статуата во Мадрид каде што Реал ги слави сите освоени титули. Рамос како капитен на Кралевите многупати се нашол пред историскиот монумент, па реши да посвети песна, а сега има нова цел – да освои Греми.
Во музиката, наградата Греми тежи колку и титула во Лигата на шампионите, па Серхио си постави предизвик дека во следните 4-5 години ќе го добие престижното музичко одличје.
„Јас сум оптимист, мојот став отсекогаш бил да продолжам да сонувам, а истото им го кажувам на другите – да не престанат да продолжуваат. Така што можам да се замислам како освојувам Греми, но и титула во Лигата на шампионите како тренер. Во следните неколку години планирам максимално да се посветам на музиката и да ја остварам мојата цел. Ми се допаѓа што можам да работам на музиката од дома, па така да имам и повеќе време за семејството“, истакна Рамос.
Амбициите до плафон, Рамос планира да биде првиот тренер во фудбалот кој има освоено музичка награда, останува да почекаме за да дознаеме дали ќе му успее овој сон.
Во меѓувреме, слушнете го неговиот хит „Сибелес“: