Кошарка

ПРИРОДАТА ПОВИКУВА: ДОНЧИЌ ОТКРИ ЗОШТО ГО ПРОПУШТИ ИНТОНИРАЊЕТО НА СЛОВЕНЕЧКАТА ХИМНА (ВИДЕО)

Лука Дончиќ вчера го потопи Израел со дабл-дабл од 39 поени и 11 скока, а му недостасуваше една асистенција за трипл-дабл учинок во победата на Словенија од 106:96. Пред почетокот на натпреварот традиционално се интонираат химните на двете репрезентации, а новинарите забележаа дека Дончиќ недостасуваше меѓу тимот на Словенија за време на словенечката химна.

По натпреварот, го прашаа зошто не беше на паркетот, а тој искрено им одговори:

„Морав да одам во тоалет. Ако ве интересира што правев, можам да ви кажам подетално. Не би ја пропуштил химната, но ова беше итна ситуација, не можев да чекам до полувреме“, истакна словенечкиот маестро.

Повикот од природата сигурно добро му дојде, откако се олесни, Дончиќ распали по израелскиот кош.