СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА ЕДИНСТВЕНИОТ ДО ДЕНЕС, ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА?
Објавено на: 27.07.2021
Дејан Георгиевски ја обедини нацијата пред тв-приемниците и во полуфиналето на ЛОИ во Токио го совлада Ин Кјо Дон од Република Кореа, со 12:4. Со три победи во низа, Дејан се пласира во финалето и обезбеди најмалку сребро за Македонија, прво во нашата независна историја.
Прв и последен освојувач на медал за Република Македонија, на (Летните) Олимписки Игри беше Могамед Ибрагимов. Натурализираниот руски борач во 2000-та во Сиднеј, не израдува со бронзата. Имаме освојувачи на медали и за време на поранешната држава, Југославија (12), сите ни се подеднакво драги, но овој, на Георгиевски е некако посебен.

Тивко и стихијно, отпатува за Јапонија со најава дека ќе се бори за медал, а нацијата, поделена во размислувањата, го отпоздрави и му посака среќен пат. Дејан ќе се врати дома како народен херој, затоа што така ние си го славиме секој наш успех, без разлика што ќе направи во финалето.