Фудбал

КОЈ ИМА НАЈУБАВ ДИЗАЈН ОД ГОЛЕМАТА АНГЛИСКА ШЕСТКА?

Одамна, неколку сезони наназад, англиската четворка се прошири за уште два клуба. Сега тоа се шест екипи, кои се во постојана битка за трофеите во англиските натпреварувања. Ви ги презентираме нивните дресови, за претстојната сезона 2021/22:

Manchester City

Поинаков Сити, е мотото на сината екипа од Манчестер, со која беше презентиран новиот дрес на англискиот шампион, за сезоната што претстои.

Manchester United

Дресот на црвените ѓаволи е омаж за шеесеттите години од минатиот век, една од најславните ери во историјата на Јунајтед.

Liverpool

Сезонава, Ливерпул влегува во новите предизвици со 100% полистер дрес направен од рециклирани пластични шишиња.

Arsenal

Топџиите им нудат прилика на фановите да освојат потпишан дрес од новата аквизиција, од својата школа, со број 10 – Смит Роу.

Tottenham

Можете ли со еден збор да ги опишете новите гостински дресови на Тотенхем? Обидете се, а еве ви инспирација:

Chelsea

Европскиот шампион исто така се врати во минатото, се осврна на 60-тите години, со презентацијата на новата униформа на која ќе стои втората титула освоена во Лигата на шампионите.