Фудбал

СЕ СЕЌАВАТЕ НА ПОЗАТА НА РОНАЛДО ПРОТИВ АТЛЕТИКО?

Манчестер Јунајтед ќе игра против Атлетико Мадрид во рамките на првата елиминациска фаза во елитната Лига на шампионите, откако УЕФА направи хаос со повторувањето на извлекувањето, затоа што црвените ѓаволи по грешката со имињата во топчињата се паднаа со Виљареал против кого играа во групите.

Во „втората“ ждрепка, четата на Рагник ќе се соочи со душекџиите кои патат од ногата на Кристијано Роналдо – човекот со Реал и Јувентус ги победуваше во елитното натпреварување во 2014-та во финалето, 2015-та во 1/4 финалето, 2016-та повторно во финалето, 2017-та во полуфиналето и 2019-та во 1/8 финалето.

Како ќе играат сезонава?