Фудбал

ПОРАДИ ТВ-ПРЕНОСОТ МЛАДИОТ СЕМИ ОСТАНА БЕЗ ОПРАВДАНИЕ ЗА ИСПУШТЕН УЧИЛИШЕН ДЕН (ФОТО)

Победата на Њукасл од 2-0 на гостувањето кај Арсенал во првиот полуфинале дуел од Карабао Купот беше од голем значај за навивачите на тимот од „Сент Џејмс парк“.

Популарните Страчки направија исчекор кон финалето кое би им овозможило да се борат за трофеј сезонава, а колку беше важна самата победа, докажува радувањето на младиот Семи, чијашто реакција беше забележана од камерите на „Емирати“ стадионот и одлучија во живо да ја пренесат неговата прослава.

Но, до Семи стигна изненадување по самиот крај на мечот, откако неговата наставничка го забележа неговиот најсреќен момент и му го отфрли оправданието да отсуствува од часови тој ден.

Стигна и реакција до родителите на Семи:

„Драги родители, само да ве известам дека оправданието на Семи да отсуствува од часови во вторникот на 7 јануари, е отфрлено. Ова е поради снимката која открива дека Семи е во Лондон на фудбалски натпревар. Ве молиме контактирајте нѐ на училиште доколку сакате дополнително да разговараме“, пишува во соопштението.

Сепак, ние може да претпоставиме дека ниту Семи, а ниту неговите родители се потресоа од писмото на наставничката, бидејќи младиот фан на Њукасл цел живот ќе го памети моментот кога неговиот тим избори триумф на тешко гостување кај фаворизираниот Арсенанал.