Кошарка

ЈАКИМОВСКИ СО УШТЕ ЕДЕН ЈУБИЛЕЈ ВО НЦАА

Андреј Јакимовски, македонскиот репрезентативец и член на Колорадо Бафалос, стигна до нов јубилеј во НЦАА лигата.

Неодамна забележа 200 тројки, а ноќеска во тесниот пораз од УЦФ Најтс, нашиот кошаркар постигна 16 поени со кои стигна до вкупно 1.000 поени во универзитетската лига на САД.

Јубилејот го оствари при 13-тиот негов поен на мечот, а потоа додаде уште три, но за жал неговиот Колорадо загуби со пола кош при конечни 75:74.

Играјќи ја последната сезона во НЦАА лигата, Јакимовски забележува бројки кои може да му обезбедат одлична кариера во сериозен европски клуб, а ние се надеваме дека ќе се обиде да присуствува на следниот НБА драфт.