РОНАЛДО ШТРАЈКУВА ВО АЛ НАСР
Објавено на: 02.02.2026
Кристијано Роналдо нема да настапи за Ал Наср на претстојниот натпревар против Ал Ријад, откако, според португалските медиуми, одлучил да „штрајкува“ поради незадоволство од клупската политика.
Португалската ѕвезда, која заработува околу 570.000 евра дневно, е најплатениот фудбалер во историјата, но наводно не е задоволна од начинот на кој PIF (Public Investment Fund) ги распределува средствата меѓу саудиските клубови.
Иако Ал Наср е еден од четирите клуба под капата на PIF, Роналдо смета дека неговиот тим не добил доволна поддршка на трансфер-пазарот, особено во споредба со Ал Хилал, кој оваа сезона потроши околу 45 милиони евра за нови засилувања.
Во 2026 година, Ал Наср донесе само едно засилување, додека Ал Хилал значително се засили и моментално води во трката за титулата. Ал Наср, по серија од три порази во јануари, сега заостанува три бода зад лидерот, нешто што дополнително го фрустрира Роналдо, кој сè уште ја брка својата прва титула во Саудиската Про лига.
Незадоволството на Португалецот доаѓа во период кога се шпекулира и за можен трансфер на Карим Бензема во Ал Хилал, откако Французинот влезе во конфликт со Ал Итихад и одбива да настапува за клубот.
Ситуацијата околу Роналдо дополнително ја загрева атмосферата во саудискиот фудбал, каде што борбата за моќ и трофеи станува сè поинтензивна, но очигледно жешко е и надвор од теренот.